Утрински Весник
Спорт

Реал пак победија во грчко продолжение, ЦСКА продолжува да гази

Реал пак победија во грчко продолжение, ЦСКА продолжува да гази
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реал Мадрид стигнаа до втората победа во продолженија во Грција, откако три дена откако го совладаа Панатинаикос во две продолженија, триумфираа во едно продолжение со 86:82 над Олимпијакос.

Серхио Љуљ го постигна водечкиот поен за 82:81 водство на 1:28 пред крајот на мечот, и по загубената топка на Олимпијакос, Николас Лапровитола двапати беше прецизен во слободните фрлања за победа. Лапровитола, кој имаше седум поени во продолжението, заврши со 19 поени и 6 асистенции, Треј Томпкинс додаде 15, а Еди Таварес имаше 13 поени и 10 скока.

„Армејците“ пак, продолжија со победите, триумфирајќи со 83:65 над рускиот ривал Зенит Санкт Петерсбург. Мајк Џејмс повторно доминираше со 20 поени, 6 скока, 7 асистенции и 3 украдени топки, Даран Хилиард доаде 13 колку што имаше и Никола Милутинов за десетта победа во низа за актуелниот шампион од Евролигата.

ЕВРОЛИГА, 15.КОЛО

ЦСКА Москва – Зенит Санкт Петерсбург 83:65 (24:17, 21:14, 21:18, 17:16)

Црвена звезда – Валенсија 76:73 (20:22, 25:14, 12:21, 19:16)

Баерн Минхен – Басконија 77:66 (18:15, 20:15, 20:20, 19:16)

Олимпијакос – Реал Мадрид 82:86 (12:12, 18:19, 21:18, 18:20, 13:17)

Асвел Лион – Химки 90:84 (20:29, 23:22, 29:19, 18:14)

> Реал пак победија во грчко продолжение, ЦСКА продолжува да гази <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место