Утрински Весник
Магазин

Пол Макартни ќе прими вакцина против Ковид-19

Пол Макартни ќе прими вакцина против Ковид-19

Легендата на „Битлси“, Сер Пол Макартни, изјави дека сака да прими вакцина против коронавирус, објави британски “Сан“, додавајќи дека тој е меѓу првите глобални суперarsвезди кои решија да се вакцинираат.

78-годишниот Макартни е во трета група – луѓе над 75 години – со право на вакцинација. Музичарот изјави дека верува оти вакцината ѝ нуди на Велика Британија излез од несреќата и мракот на ковид-пандемијата.

„Вакцината ќе не извлече од ова “, изјави Макартни претходно во интервју за „Сан“.

Мислам дека ќе дека ќе ја поминеме оваа здравствена криза, и вакцината е одлична вест . Ќе ја примам веднаш штом ќе ми дозволат “.

Велика Британија почна со вакцинирање против коронавирус на 8 декември. Први на ред беа лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес