Утрински Весник
Магазин

Амал Клуни го пофали сопругот Џорџ за неговата трпеливост

Амал Клуни го пофали сопругот Џорџ за неговата трпеливост

Таа го споделува својот брилијантен ум со светот.

Амал Клуни го пофали сопругот Џорџ Клуни, со кого е во брак шест години, за неговото трпение во текот на напорниот процес додека ја пишувала книгата „Право на фер судење во меѓународното право“.

42-годишната адвокатка и активистка за човекови права виртуелно разговараше со Меѓународната адвокатска комора во средата вечерта за да ја промовира својата книга. Таа призна дека никогаш повеќе нема да издаде друга книга, за доброто на нивниот брак.

Амал се пошегува за должината на книгата и за тоа како длабинската истрага влијаела на нејзиниот брак со холивудската ѕвезда.

„Знам дека овој процес му се чинеше бесконечен“, рече Амал. „Особено затоа што додека пишував бев сигурна дека ова е последен дел за изготвување… одново и одново!“

„Никогаш повеќе нема да издадам друга книга, за доброто на нашиот брак“.

Џорџ и Амал се во брак шест години и имаат тригодишни близнаци, Александар и Ела.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста