Утрински Весник
Свет

Американскиот регулатор му одобри на БАТ испитување на вакцини развиени од тутун

Американскиот регулатор му одобри на БАТ испитување на вакцини развиени од тутун

Американските регулатори го одобрија почетокот на првата фаза од клиничкото испитување на потенцијална вакцина против Ковид-19 што Бритиш американ тобако (БАТ) ја развива од лисја од тутун, соопшти компанијата.

Испитувањето треба да започне наскоро и резултатите веројатно ќе бидат познати во средината на следната година, објави БАТ.

Потенцијалната вакцина е создадена со иновативна технологија врз растителна основа за забрзан раст на листовите од тутун, наведува филијалата на БАТ, американската биотехнолошка компанија „Кентаки биопроцесинг“ (КПБ) која го развива.

Можна предност на оваа технологија е брзото производство на активните состојки на вакцината, во рок од околу шест недели, истакнуваат тие, истакнувајќи го потенцијалот на вакцината да биде стабилна на собна температура.

Јавноста беше изненадена во април од објавата на производителот на цигари и тутун дека развива вакцина против Ковид-19 и под услов да добие поддршка од регулаторите и релевантните производители, ќе може да произведува од една до три милиони дози неделно, забележува „Ројтерс“.

Ако резултатите од тестот се позитивни, брзото производство на активни состојки може да го скрати периодот помеѓу идентификација на нови вируси и видови и развој и примена на вакцини, истакнуваат од „Кентаки биопроцесинг“.

Во соопштението американската компанија исто така рече дека ја користи технологијата заснована на лисја од тутун во потенцијална вакцина против грип, што исто така треба да ја започне првата фаза од клиничкото испитување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина