Утрински Весник
Магазин

Марија Шарапова се сврши со британскиот милионер Александар Гилкс

Марија Шарапова ја објави својата свршувачка со британскиот дилер на уметнички дела Александар Гилкс, кој е близок со кралското семејство.

33-годишната пензионирана руска суперѕвезда во тенис се огласи на Инстаграм и објави дека 41-годишниот британски бизнисмен го поставил прашањето.

Нивната тивка врска, далеку од очите на јавноста, започна во 2018 година. Британецот инаку живее и работи во Њујорк. Тој е сопственик на уметничка галерија во Менхетн, каде и ја запознал Шарапова.

Таа сподели галерија од фотографии и видеа со опис: Реков „да“ од првиот ден кога се сретнавме. Ова беше нашата мала тајна. На објавата додаде и емотикони со срце, дијамантски прстен и шампањ.

Марија сподели и една постара фотографија со наслов „Само ние двајцата“, алудирајќи на фактот дека тие тивко се забавуваат од 2018 година.

Акександар беше во брак со њујоршката модна дизајнерка Миша Ноно четири години сè до разделбата во октомври 2016 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени