Утрински Весник
Македонија

Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците за проширување на ЕУ поради Бугарија

Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците за проширување на ЕУ поради Бугарија

Чешка и Словачка не се согласуваат со заклучоците за проширување на Европската унија кои беа понудени вчера во Советот на амбасадори во Брисел.

Предлогот на заклучоците од германското претседателство го вклучува барањето на Бугарија да се додаде реченица која се однесува на „погрешното толкување на историјата“ во дел поврзан со  Македонија и Бугарија. Ова барање досега беше одбивано.

Заклучоците треба да бидат донесени најдоцна во следните два дена. Сепак, Чешка и Словачка, побарале повеќе време за консултации околу понудените заклучоци.

Двете земји-членки сметаат дека вклучувањето на историскиот контекст во официјални документи на Европската унија претставува преседан и го комплицира понатамошното проширување на Унијата

Двете земји предупредуваат дека оваа формулација поврзана за историјата не е предмет за ЕУ и дека не треба таа да суди кој како се идентификува и каков јазик говори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана