Утрински Весник
Свет

Одбиен уште еден состанок во БиХ

Одбиен уште еден состанок во БиХ
Dik 300x250 mk

Коалицијата на српски партии во Мостар „Остани тука – заедно за нашиот Мостар“ одби да се состане со високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко. Повикувајќи се на свои извори, агенцијата „Танјуг“ наведува дека ова е заеднички став на српските партии кои учествуваат на изборите во Мостар в недела, 20 декември.

Причината за одбивањето да се сретнат со Инцко, како што велат, е неговиот континуиран некоректен однос кон српскиот народ во БиХ.

Претставниците на српските политички партии СНСД и СДС и списокот „Остани тука – заедно за нашиот Мостар“ претходно денеска објавија дека меѓународната заедница не треба да се меша во изборниот процес во Мостар. Тие исто така сметаат дека посетата на кој било претставник на меѓународната заедница е несоодветна на самиот крај на изборната кампања.

Во соопштението се наведува дека српскиот народ сè уште не е конституиран во кантонот Херцеговина-Неретва, што меѓународната заедница, доколку постоеше вистинска волја, можеше да го реши одамна.

Изборите во Мостар се закажани за 20 декември и се одржуваат првпат по 12 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа