Утрински Весник
Македонија

31 тутор ќе им помагаат на учениците со попреченост

31 тутор ќе им помагаат на учениците со попреченост (Custom)

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ известува дека во рамки на своите активности избрани се 31 тутор од цела држава за пружање поддршка во учењето на учениците со попреченост.

Овие тутори ќе работат со децата со попреченост од прво и второ одделение кои се стипендисти на проектот. Во рамки на нивните работни задачи туторите директно ќе работат со децата со попреченост во насока на стекнување на работни навики и прилагодување кон барањата на наставниот односно предметно-часовниот систем. Тие ќе им помагаат на децата за остварување на целите на индивидуалниот образовен план, преку повторување на инструкциите, увежбување на зададените задачи и стекнување на бараните знаења и вештини по дадени напатствија и во соработка со наставникот и инклузивниот тим за ученикот. Освен тоа, туторите ќе им помагаат на децата и во развивање на социјалните вештини и комуникацијата со соучениците, наставниците и другиот персонал.

Пред почетокот на нивниот ангажман туторите поминаа обука наменета за развивање на вештините потребни за успешна работа со ученици со попреченост инклудирани во редовни училишта.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан од страна на Европската Унија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата

Денеска 25 април 2026 година се празнува Преподобен Василиј Исповедник

Дневен хороскоп за 25 април 2026 година