Утрински Весник
Магазин

Бурно и секси: Хали Бери го промовира својот велнес-бренд „Респин“

Бурно и секси: Хали Бери го промовира својот велнес-бренд „Респин“

Таа влезе во историјата со пресоздавањето на познатата сцена на Урсула Андрес додека ја глумеше Џинкс Џонсон во „Умри некој друг ден“ во 2002 година.

И 18 години потоа, Хали Бери докажа дека е сè уште Бонд девојка, кога се појави на Инстаграм во понеделникот за да сподели инспиративно видео за промоција на сопствениот бренд за велнес Respin.

Почитуваната актерка (54) може да се види како оди по песок во црно бикини, покажувајќи ја својата беспрекорна фигура речиси идентична со таа на Џинкс од филмот за 007.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СЗО предупреди дека многу деца и млади многу малку се движат

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома

Расел Бренд прогласен за виновен за силување и сексуални напади