Утрински Весник
Свет

(Видео) Инвазија од змии им се заканува на милиони Австралијци

(Видео) Инвазија од змии им се заканува на милиони Австралијци

Југоисточен Квинсленд и северниот дел од Нов Јужен Велс за време на викендот беа погодени од обилни дождови со разорни ветрови, невообичаено висока плима и опасни бранови. Сега, земјата се соочува со инвазија на рептили, пренесува „Дејли мејл“.

Австралијците кои живеат во југоисточен Квинсленд и Нов Јужен Велс беа предупредени да ги затвораат прозорците и да ги затворат процепите на своите врати бидејќи дождовите и силното невреме може да ги принудат змиите да се иселат од грмушките и да влезат во нивните куќи.

„Кога малку ќе заврне дожд, змиите одат под земја и седат во своте дупки и чекаат да помине дождот. Но, кога ќе заврне многу дожд, сите тие дупки се полнат со вода, па тогаш змиите се на отворено и треба да најдат некое топло и суво место“, вели ловецот на змии од Нуса, Лук Хантли, цитиран од „Дејли мејл Австралија“.

Според извештаите, австралиските фаќачи на змии во областа добиле многу повици за помош бидејќи влекачите влегуваат во куќите на луѓето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар