Утрински Весник
Спорт

Кливленд ќе го сменат Индијанс, името било „расистичко“

Кливленд ќе го сменат Индијанс, името било „расистичко“

Безбол тимот Кливленд индијанс планираат да го сменат името кое го користат 105 години, по обвинувањата дека асоцијациите со домородните американски племиња се „расистички“, јавува ЕСПН.

Кливленд претходно веќе се откажа од логото со „Поглавицата Ваху“, и не е јасно кое ќе биде следното име на клубот и дали тоа ќе важи веднаш или од следната сезона. Ова доаѓа од НФЛ тимот Вашингтон редскинс се откажа од името кое буквално значеше „црвенокожци“ и се преименуваа во Вашингтон фудбалски тим.

Кливленд го користат прекарот Индијанс од 1915 година, откако претходно беа именувани како Напс. Индијанс имаат 17.000 натпревари со ова име и имаат освоено две Светски серии, од кои последната во 1948 (со 72-годишна „суша“ тие се МЛБ тимот кој најдолго чека на титула).

Тие не се последниот тим кој користи ваква иконографија во САД – остануваат Атланта брејвс во МЛБ, Канзас Сити чифс во НФЛ и Чикаго блекхокс во НХЛ.

> Кливленд ќе го сменат Индијанс, името било „расистичко“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари