Иако „Франс фудбал“ оваа година го откажа доделувањето на „Златната топка“, славниот француски фудбалски магазин во избор на жирито ги прогласи своите најдобри 11 во историјата.
Секој ваков избор, секогаш е предмет на бесконечни дискусии, за тоа кој недостасува во составот или неправедно е изоставен, или кој е „вишок“, но оваа 11-ка според нас е апсолутно совршена.
НАЈДОБРИТЕ 11 НА ФРАНС ФУДБАЛ
Голман: Лав Јашин (Рус)
Одбрана: Кафу (Бра), Паоло Малдини (Ита), Франц Бекенбауер (Гер)
Среден ред: Лотар Матеус (Гер), Чави (Шпа), Пеле (Бра), Диего Марадона (Арг)
Напад: Лионел Меси (Арг), Кристијано Роналдо (Пор), Роналдо (Бра)
> „Франс фудбал“ ги избра 11-те од соништата <