Крис Пат ѝ го честита роденденот на својата сопруга Кетрин Шварценегер, која на почетокот на август ја роди нивната, сега веќе четиримесечна, ќерка Лила Марија.
Во неделата, додека ѝ посака среќен 31 роденден на најпродаваната авторка, Крис (41) ѝ упати емотивна порака во која ѝ се заблагодарува за тоа што внела толку многу светлина во неговиот живот.
„Среќен роденден душо!“ актерот на „Одмаздници: Ендгејм“ го наслови својот колаж на Инстаграм. „Многу ми е мило што сум дома со тебе и Лила. Ти си одлична мајка, одлична маќеа, одлична сопруга, ќерка, сестра и пријателка,“ напиша тој, и својата порака ја дополни со фотографии од нив двајца и малата Лила Марија.
„Светот е посветол со тебе. Јас сум еден среќник. Ти благодарам за љубовта, поддршката и партнерството. Те сакам!“
Актерот Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, се венчаа во јуни 2019 година. Двојката се потруди максимално да ја задржи приватноста, па во јавноста се појави само една официјална фотографија. Свадбената церемонија на која присуствуваа само најблиските, се одржа во Санта Барбара.