Утрински Весник
Магазин

Јас сум среќник!, Крис Прат напиша во роденденска порака за сопругата Кетрин Шварценегер

Јас сум среќник!, Крис Прат напиша во роденденска порака за сопругата Кетрин Шварценегер

Крис Пат ѝ го честита роденденот на својата сопруга Кетрин Шварценегер, која на почетокот на август ја роди нивната, сега веќе четиримесечна, ќерка Лила Марија.

Во неделата, додека ѝ посака среќен 31 роденден на најпродаваната авторка, Крис (41)  ѝ упати емотивна порака во која ѝ се заблагодарува за тоа што внела толку многу светлина во неговиот живот.

„Среќен роденден душо!“ актерот на „Одмаздници: Ендгејм“ го наслови својот колаж на Инстаграм. „Многу ми е мило што сум дома со тебе и Лила. Ти си одлична мајка, одлична маќеа, одлична сопруга, ќерка, сестра и пријателка,“ напиша тој, и својата порака ја дополни со фотографии од нив двајца и малата Лила Марија.

„Светот е посветол со тебе. Јас сум еден среќник. Ти благодарам за љубовта, поддршката и партнерството. Те сакам!“

Актерот Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, се венчаа во јуни 2019 година. Двојката се потруди максимално да ја задржи приватноста, па во јавноста се појави само една официјална фотографија. Свадбената церемонија на која присуствуваа само најблиските, се одржа во Санта Барбара.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени