Во новото интервју за британски „Гардијан“, објавено во неделата, холивудскиот актер Џорџ Клуни ја резимираше 2020 година и не се обиде да ублажи колку беше тешка за целиот свет.
Клуни (59) признава дека ова било несреќна година, дури и кога изрази надеж дека на крајот сите ќе излеземе посилни и подобри.
Актерот и повремен режисер се отвори и за тоа како започнала врската со неговата сопруга Амал Клуни и како двајцата ги налутиле сите, од унгарскиот премиер Виктор Орбан до премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.
Клуни беше интервјуиран преку видео чет од неговиот дом во Лос Анџелес, додека тригодишните близнаци Александар и Ела беа надвор на тениско игралиште на имотот и учеа да возат велосипеди.
Амал Клуни, почитувана адвокатка за човекови права и активистка, ги роди близнаците во 2017 година, откако се омажи за актерот во 2014 година во Венеција.