Утрински Весник
Свет

(Видео) Еруптира вулканот Етна во Италија

(Видео) Еруптира вулканот Етна во Италија

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна на Сицилија, еруптираше во текот на ноќта и исфрли пепел и лава во висина и до 100 метри.

Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е забележана во неделата во 21.20 часот, а за еден час и половина, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем, пренесува британски Сан.

Советодавниот центар за вулкани од Тулуз објави дека од кратерот излегле фонтани со лава високи и до 100 метри, густиот пепел се издигнал до пет километри, а пепелта паднала врз селата и градовите јужно од вулканот.

Исто така, беше соопштено дека звуците од вулканот се слушале дури до Калабрија, како и дека е регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени на падините на планината Етна, но не е познато со што е поврзан.

Во минатото, најголемите ерупции на вулканот Етна биле во 12 и 17 век, кога починале 15.000 луѓе, односно биле уништени 15 села.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд