Завршувајќи го патувањето што траеше 26 години, хитот на Мараја Кери All I Want For Christmas Is You („Сè што сакам за Божиќ е ти“) стигна до место број 1 на табелата за синглови во Велика Британија.
Преземен од албумот на Кери Merry Christmas („Среќен Божиќ“) од 1994 година, модерниот класик првично не успеваше да го освои првото место кое му припаѓаше на хитот на „Ист 17“, Stay Another Dаy.
Сепак, Кери конечно се искачи на врвот оваа недела, откако беше емитувана неверојатни 10,8 милиони пати.
“Среќен Божиќ Велика Британија! Конечно успеавме!” рече Кери кога ја слушна веста.
„Го одржуваме Божиќниот дух жив сите заедно и покрај тоа што оваа година беше жална“.
Кери ја претрка Аријана Гранде на врвот на топ листите, во време кога божиќните песни продолжуваат со годишното преземање на топ 40.
Празничните песни заземаат 22 од најпродаваните музички записи на неделата, со шест во првите 10 – вклучувајќи ги Last Christmas на „Вем“ на второто место и Fairytale Of New York на Кирсти Мекол на местото четири.