Утрински Весник
Магазин

Актерот Шиа Лабоф обвинет за сексуално злоставување од страна на поранешната девојка

Актерот Шиа Лабоф обвинет за сексуално злоставување од страна на поранешната девојка

Британската музичарка Талија Барнет, попозната како ФКА Твигс, во петокот поднесе тужба против актерот Шиа Лабоф, обвинувајќи го за физичко и емоционално злоставување за време на нивната едногодишна врска.

Во граѓанската тужба, поднесена до надлежен суд во Лос Анџелес, Барнет бара отштета за наводно сексуално злостваување, напад и емоционално вознемирување.

Лабоф (34) бил во врска со пејачката помеѓу 2018 и 2019 година.

Во изјава за „Њујорк Тајмс“, Лебоф вели: Немам оправдување за алкохолизмот или агресијата. Со години се злоупотребував себеси и сè што е околу мене. Имам историја да ги повредувам најблиските луѓе и жал ми е за оние што ги повредив.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста