Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Советот на амбасадори: Насилството врз жените најфлагрантно кршење на човековите права

Советот на амбасадори: Насилството врз жените најфлагрантно кршење на човековите права
Img 7972

Советот на Амбасадори соопшти дека го смета насилството врз жените за најфлагрантно кршење на човековите права, и изразува најостра осуда кон овој вид на насилство, ги поддржува активностите преземени во нашата земја во текот на 16 дена активизам во рамки на кампањата против родовото насилство на „UN Women“.

„ Подигнување на свесноста и активирање на сите чинители во борбата против насилството врз жените е особено значајна во екот на пандемијата со Ковид-19, кога на глобално ниво е регистриран загрижувачки пораст на овој вид насилство (т.н. пандемија во сенка). За сериозноста на проблемот доволно зборува фактот дека во светски рамки една од три жени е жртва на психичко или физичко насилство, што претставува едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, чие искоренување станува стратешка задача на секоја држава.
Во овој контекст, Советот на Амбасадори изразува згрозување и најостра осуда за инцидентот во Македонската амбасада во Камбера, Австралија, кога член на семејство на вработен се заканил по живот на в.д. амбасадорката.

Советот на Амбасадори го повикува МНР да излезе со најостра реакција за настанот и да преземе соодветни дејствија за казнување на сторителот на насилството, препознавајќи ја важноста за заштита не само на жените, туку и на сите вработени во дипломатските претставништва, како и на достоинствотото на дипломатската професија и државата.

Воедно, ова е вистински момент Советот на Амбасадори повторно да укаже на значењето од селекција на квалитетен и професионален дипломатски кадар, кој поседува капацитет, свесност и одговорност да ја претставува државата на достоинствен начин во светот“ се вели во соопштенито.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка