Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања и шират лажни вести

(Видео) Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања и шират лажни вести
300x250 opst2

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став за клучните прашања, немат предлог, идеја, немаат никаква понуда за граѓаните, смислено пласираат лажни вести и невистин и ја поктопуваат работата на институциите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека во земјава ќе се населуваат мигранти. Ширеа невистини за ковид пандемијата. Дека нема доволно тестови за тестирање, дека нема доволна опрема за здравствените работници, дека системот не може да издржи. Додека здравствените работници жестоко се бореа со пандемијата Мицкоски и ДПМНЕ на секаков можен начин го кочеа здравствениот систем и изградбата на ковид болниците. Ширеа невистини преку Вело Марковски дека вирусот не е опасен и дека носењето маска е непотребно“, рече Кузеска.

Последните невистини, додаде таа, беа на директна штета на државните позиции.

„Хистеричниот Мицкоски лажеше дека се распрачувала земјава, дека се распродавал македонскиот идентитет. Сите овие лаги на Мицкоски се срушија, паднаа во вода. Ниту македонскиот идентитет е распродаден, ниту земјава е распрачена. Се што кажа Мицкоски излажа. Освен немањето став, лагите, одбраната на криминалот на режимот е трета клучна карактеристика на Мицкоски“, изјави Кузеска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка