Утрински Весник
Свет

Двојно помалку новинари на годишната конференција на Путин

Двојно помалку новинари на годишната конференција на Путин

Списокот на новинари кои се акредитирале за присуство на годишната конференција за новинари на рускиот претседател Владимир Путин, содржи повеќе од двојно помалку имиња отколку минатата година, поради пандемијата на Ковид-19.

Списокот на акредитирани новинари за конференцијата, која ќе се одржи на 17 декември во 12 часот по московско време (10 часот по средноевропско време), е објавен на веб-страницата на рускиот претседател.

Листата опфаќа 774 имиња на новинари, речиси два и пол пати помалку од минатата година, пренесе ТАСС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик