Утрински Весник
Македонија

Отстранета уште една трафика и гаражи во Центар

Отстранета уште една трафика и гаражи во Центар

Инспекциските служби на Општина Центар денеска отстранија уште нелегално поставени објекти кои не поседуваат соодветна документација.

Отстранет е еден времен објект – трафика, со димензии 2 х 1,5 метри, кој се наоѓаше на улица „11 Октомври“, во централното градско подрачје, во близина на Црвениот Крст.

Покрај трафиката, инспекциските служби денес отстранија и два помошни објекти – гаражи во населбата Дебар Маало, кои исто така не поседувале соодветни решенија за поставување.

Откако инвеститорите, односно сопствениците, не постапиле по издадените решенија за отстранување на нелегалните градби во законскиот рок од 3 дена, општината со градежна механизација ги отстрани, а трошокот за отстранувањето ќе падне на товар на инвеститорите.

За дополнително ослободување на јавните површини во Капиштец отстранети се и 11 паркинг блокатори поставени без соодветна документација на улицата „Васил Ѓоргов, информираат од Општина Центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

ЛДП: Експресни пријави за „шефот на елитата”, а правен систем за другите — утре сабајле!

Контролори за боледувањата ќе ѕвонат на врата, но смеат ли да влезат во домот?