Утрински Весник
Македонија

Османи на Конференција за соработка на тинк танк организации од Западен Балкан – „Thinks Balkans“

Османи на  Конференција за соработка на тинк танк организации од Западен Балкан – „Thinks Balkans“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше воведно обраќање на првичниот состанок на проектните партнери и претставниците од министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и Вишеградската група во рамките на проектот, THINK Balkans.

Во своето обраќање Османи се осврна на непроценливото значење на улогата на тинк танк организациите во градење на демократски општества, нивната експертиза и анализа во креирање на политиките и секако нивниот суштински придонес во отворените дебати и дискусии.

“Соработката на тинк танк заедницата во Регионот преку овој проект ќе ја збогати регионалната соработка, особено во контекст на справување со предизвиците на ЕУ пристапниот процес и ќе допринесе да се зајакне гласот и влијанието на Регионот во ЕУ“- истакна Османи.

Министерот ја потврди отворенoста на министерството за надворешни работи да биде партнер во овој проект што е во силна корелација со определбата за активен дијалог и соработка на Куќата со граѓанското општество.

Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд и е моделиран по примерот на платформата -В4 Тинк Танк. Проектната единица има за цел да ја зајакне соработката и да го подобри дијалогот меѓу тинк тенковите од Вишеградската група и Западен Балкан со министерствата за надворешни работи за прашања од заеднички стратешки интерес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната