Утрински Весник
Економија

Потпишана спогодба за продолжување на колективниот договор на АД ЕСМ

Потпишана спогодба за продолжување на колективниот договор на АД ЕСМ

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и претседателот на Синдикалната организација на Државните електрани на Република Северна Македонија, Јове Смилевски, денес потпишаа спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор за период од две години.

Спогодбата се однесува на колективниот договор на друштвото потпишан во декември 2018 година.

„По потпишувањето на документот, двете страни изразија задоволство од квалитетот на социјалниот дијалог, кој во континуитет се одвива во АД ЕСМ. Менаџментот на компанијата и синдикалните претставници на вработените потенцираа дека отворената и искрена комуникација помеѓу двете страни ќе продолжи и во иднина со цел понатамошно подобрување на условите за работа на вработените во најголемата енергетска компанија во земјата, како и заштита на нивните права“, соопштија од компанијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз

ТИТАН УСЈЕ одбележа 70 години од своето основање – седум децении раст, иновации и одржлив развој

Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити