Утрински Весник
Свет

Извршена смртна казна во Индијана иако судии побараа милост

Извршена смртна казна во Тексас

Брендон Бернард (40) вчера беше погубен во затворот Тера Хоут во Индијана, и покрај фактот што некои судии побараа милост на неговото судење, објави Ројтерс.

За време на претседателството на Трамп, извршени се девет смртни казни само од јули, а уште четири треба да бидат извршени до крајот на неговиот мандат на 20 јануари, додава Би-би-си.

Бернард беше осуден во 2000-та година за киднапирање и убиство со неговиот соучесникК ристофер Виалва на свештеникот Тод и неговата сопруга Стејси Багли, млад пар од Ајова.

Пред да ги упати последните зборови кон семејството на убиените, Бернард изгледаше смирено.

„Жал ми е. Тоа се единствените зборови што можам да ги кажам и целосно опишуваат како се чувствував тогаш и како се чувствувам сега”, рече тој, како што пренесе АП.

На Бернард му беше инјектирана смртоносна инјекција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk