Антоан Гризман го раскина договорот со кинеската компанија за телеком опрема „Хуавеи“ по вестите дека тие развивале софтвер за препознавање на ликовите за да се помогне при надгледувањето на етничката заедница на Ујгурите во земјата,
„По силните сомнежи дека ‘Хуавеи’ придонесе за развојот на ‘Ујугур аларм’ со софтвер за препознавање на ликот, објавувам итен прекин на партнерството со компанијата. Ги канам ‘Хуавеи’ не само да ги демантираат овие обвинувања, туку да преземат конкретни активности за да се осуди оваа масовна репресија и нарушување на човечките права“, објави Гризман на Интернет.
„Хуавеи“ излегоа со жалење и со покана до 29-годишниот фудбалер на Барселона за расјаснување на ситуацијата.
„Хуавеи жалат за одлуката на господинот Гризман да ги прекине односите со компанијата. Би сакале да го поканиме лично, да му објасниме каква работа се врши на највисоко ниво компанијата за темите како човечки права, еднаквост и дискриминација. Јазикот кој се користи во тие обвинувања е неприфатлив. Тоа не е јазик во нашата компанија. Нашите технологии не се користат за идентификација на етнички групи. Документот кој се објавува не е од ‘Хуавеи’ и е од пред три години“, велат од компанијата.
> „Хуавеи“ го канат Гризман на разговори по „погрешните информации“ <