Утрински Весник
Свет

Словенија ги продолжи рестриктивните мерки

Словенија ги продолжи рестриктивните мерки

Словенечката влада ги продолжи рестриктивните мерки против коронавирусот. Ова значи дека останува да важат забраните за собири и за движење меѓу општините, а на сила останува и ноќниот полициски час.

Исто така, јавниот превоз е суспендиран, а продавниците што не продаваат добра од витално значење се затворени.

Остануваат во сила и мерките на претпазливост како што се носење маски на отворено и затворено и миење раце.

Сепак, беше донесена одлука за отворање на историско-културните и археолошките места, како и на библиотеките и другите културни институции за јавноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот, не може да биде посредник

Гутереш на вонредна седница на СБ на ОН: Војната во Украина се заканува да излезе од контрола

Голем пад на населението во Јапонија, за пет години три милиони помалку