Утрински Весник
Магазин

Левин: Кејт и принцот Вилијам се сменија откако Меган и принцот Хари го напуштија кралското семејство

Левин: Кејт и принцот Вилијам се сменија откако Меган и принцот Хари го напуштија кралското семејство

Кејт, војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам се сè поопуштени откако Меган Маркл и принцот Хари ја напуштија монархијата, тврди кралската биографка Анџела Левин.

Кејт и Вилијам во понеделникот ја започнаа својата прва голема турнеја низ Велика Британија од почетокот на пандемијата. Војводата и војвотката од Кембриџ привлекоа пофалби од кралските приврзаници за нивната посветеност на своите должности, а авторката Анџела Левин сугерира дека парот е помалку напнат откако Меган Маркл и принцот Хари се преселија во САД.

Говорејќи за talkRADIO, Левин рече: „Кога ги видовмее Кејт и Вилијам утрово, тие се смееја. Тие беа весели и се чинеше дека уживаат кога се заедно, како еден тим.

Левин исто така тврди дека Кејт и Вилијам ја демонстрираат својата посветеност на британската јавност со голема енергија да ја направат вистинската работа додека се на турнеја.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста