Утрински Весник
Македонија

Акциските контроли на МВР во сообраќајот продолжуваат, во ноември за 21 отсто намален бројот на сообраќајки

Акциските контроли на МВР во сообраќајот продолжуваат, во ноември за 21 отсто намален бројот на сообраќајки
Dik 300x250 mk

Засилените акциски контроли во сообраќајот, кои МВР отпочна да ги спроведува во средината на септември, веќе даваат резултати. Во ноември 2020 година има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено на оние со потешки последици. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

„Анализите покажуваат дека како што течат овие засилени контроли, граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди особено оние со потешки последици. Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во октомври 2020 година, а со поголем процент и во месец ноември оваа година. Се разбира, на намалувањето на сообраќајните незгоди односно подигањето на сообраќајната култура влијаат многу фактори“ рече министерот Спасовски.

Според податоците на МВР, во ноември 2019 година се случиле вкупно 714 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година – 564, што претставува намалување на бројот на вакви несреќи годинава за 21 отсто во споредба со лани.

Во сообраќајни незгоди во текот на месец ноември 2019 година животот го загубиле 11, а истиот месец 2020 година седум лица, што претставува намалување за 36 отсто.

Во однос на пешаците како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, за истиот период е забележано намалување за 75 отсто односно во ноември 2019 година загинале четворица пешаци, а во ноември 2020 година – еден.

Бележиме намалување и на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди односно во месец ноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година 37, што претставува намалување за 47 отсто.

Од МВР информираат дека од започнување на засилените акциски контроли изречени се вкупно 43.170 санкции од кои: 7.404 се за пречекорување на ограничувањето на брзина на движење, 615 за поминување на црвено светло, 7.306 за управување без возачка дозвола, 5.829 за нерегистрирани возила, како и санкции за 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.

Министерот Спасовски изјави дека засилените акциски контроли во сообраќајот ќе продолжат да се одвиваа интензивно и во наредниот период, а со цел да се постигне зацртаната цел – побезбедни патишта и улици.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Драма во Охрид: Заталкано зрно од огнено оружје оштетило тераса

Доколку утре има парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 60 пратеници, порача Манасиевски

Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба