Утрински Весник
Магазин

За две години „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа

За две години „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа
Dik 300x250 mk

Компанијата „Пепси“ одлучи да ја укине пластиката добиена од сурова нафта, која се користи за пакувањa и амбалажи, на девет пазари на Европската унија до 2022 година.

Во иднина, пакувањата што ги користи „Пепси“ ќе бидaт направени од рециклирана пластика, а компанијата ќе продолжи да работи на подобрување на моделот за повторна употреба на шишиња и други амбалажи, се вели во соопштението на производителот на сокови.

Се прецизира дека фабриките за флаширање на „Пепси“ во Шпанија, Германија, Романија, Полска и Грција ќе започнат да користат рециклирана амбалажа веќе следната година, а погоните во Франција, Белгија, Велика Британија и Луксембург ќе користат 20 проценти рециклирана пластика до 2022 година.

„Пепси“ проценува дека со префрлањето на 100 проценти рециклирана пластика годишно ќе се елиминираат повеќе од 70.000 тони отпаден полиетилен базиран на фосилни горива.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат

Истражување: ВИ-асистентите погрешно ги претставуваат вестите во половина одговори

Фатен сом долг 3 метри и тежок 120 килограми во Шпанија