Утрински Весник
Македонија

За 24 часа примени 32 нови пациенти во скопските ковид-центри

Итната медицинска помош во Скопје со девет екипи за празникот

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 32 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти“, посочуваат од ресорното министерство и нагласуваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Од 486 ковид-пациенти кои се сместени во скопските болници, голем дел се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30-тина слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“