Утрински Весник
Свет

(Видео) Вакцината против Ковид-19 во Британија прва ја прими 90-годишна жена

(Видео) Вакцината против Ковид-19 во Британија прва ја прими 90-годишна жена

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прва личност во светот која медицински, односно надвор од пробната фаза, ја прими вакцината против Ковид-19, изработена од „Фајзер“ и „БиоНтек“.

Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека се чувствува привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја примила првата вакцина.

„Ова е најдобриот роденденски подарок што би можела да го посакам. Се радувам на времето коешто отсега ќе можам да го поминам со семејството и пријателите“, рече Кинан, која ја прими вакцината во 06:31 часот по локално време.

Велика Британија е прва западна земја што започна со имунизацијата на населението. Земјата нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од популацијата.

Станува збор за дози од вакцината на „Фајзер“ и „БиоНтек“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница