Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Романскиот премиер поднесе оставка

Романскиот премиер поднесе оставка
Img 7972

Премиерот на Романија, Лудовик Орбан поднесе оставка. Таа одлука уследи по тесниот пораз на изборите од левичарските популисти на изборите што се одржаа вчера во Романија.

Орбан, лидерот на централно-десничарската Национално-либерална партија (ПНЛ), објави оставка на телевизија по разочарувачките изборни резултати за неговата партија.Сепак, со преброени 95 проценти од гласовите на изборите во неделата, опозициските социјалдемократи (ПСД) имаат околу 30 проценти од гласовите, што можеби не е доволно за да им се овозможи да формираат влада, потсетува Еуроњуз.

Претходно во понеделникот, Орбан рече дека разговорите за коалиција со социјалдемократите не доаѓаат предвид, но не даде јасно објаснување за тоа како неговата партија се надева да постигне ново владејачко мнозинство во дводомниот парламент со 465 места.

„Сакам да бидам многу јасен, никогаш нема да преговараме со ПСД, нема да дозволиме ПСД да и наштети на Романија“, рече Орбан. Тој беше на чело на владата нешто повеќе од една година и е еден од петте премиери што Романија ги имаше во исто толку години.

Тој беше назначен за премиер по падот на владата на социјалдемократите, кој беше жестоко критикуван од ЕУ за мешање во судството и афери за корупција. Само 33% од потенцијалните романски гласачи излегоа на гласање во неделата, во споредба со скоро 39,5% во 2016 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа