Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу рекламира облека од новото партнерството со „Гучи“

Гвинет Палтроу рекламира облека од новото партнерството со „Гучи“

Гвинет Палтроу често нуди производи преку нејзиниот лајфстајл бренд „Гуп.“

Оскаровката, а сега и успешна деловна жена, рекламира парчиња кои што заинтересираните можат да ги набават преку линијата за облека на „Гуп“, позната како G Label.

Таа во неделата сподели неколку фотографии на кои позира во зимски креации од новото партнерство на двата бренда „Гуп“ и „Гучи“.

48-годишната Гвинет напиша: „Крајот на секоја година – но особено оваа – означува многу работи. Време да легнете. Да издишете. Да си дозволите малку простор за забава, едноставно тоа да биде ваше време.“

„Нашето претставување во декември се сведува на тоа да се облечете за себе, а истовремено да ѝ се препуштите на вашата разиграна страна. И никој не се однесува разиграно како нашите пријатели во „Гучи“, пишува Гвинет и на крајот наздравува: За завршување на 2020 година на свечана нота. На здравје!

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Создаден првиот летачки автомобил „Jetson ONE“ во Шведска

Hекои луѓе комарците ги касаат повеќе од другите – одговорот е во кожата

Луѓето кои стареат здраво ги практикуваат овие седум работи редовно