Утрински Весник
Економија

(Видео) Трипуновски: Килограм тутун колку кутија цигари, титунарите се излажани, оставка на Заев!

(Видео) Трипуновски: Килограм тутун колку кутија цигари, титунарите се излажани, оставка на Заев!

Зоран Заев со измените во законот за тутун со кој дозволи увоз на тутун допринесе цената на домашното производство да падне под ниво на 2006 година. Поради Зоран Заев еден килограм тутун се продава по цена колку една кутија цигари, обвини Цветан Трипуноивски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Трудот и маката на десетици илјади тутунари е потценет. Егзистенцијата на нивните семејства е доведена во прашање. Цела година предупредував дека до ова ќе дојде, но власта, иако ги знаеше последиците не мрдна со прст, од тука влечам само еден заклучок дека власта свесно ја девалвираше цената на тутунот. Па затоа прашувам кој треба да профитира од маката на тутунарите, кој ќе го јаде нивниот труд и пот?!

150 денари, цена по кој се продава тутунот е смешна и не дозволува да се подмират ниту основните трошоци на производство. Токму затоа повикувам на владина интервенција и веднаш да седне на маса со откупувачите, и да се овозможи нормални и фер цени.

Дополнително треба да се осигура пласман на околу 3 милиони килограми тутун, за кој нема договори за откуп и како што сега стојат работите најверојатно ќе скапува по таваните. Тоа е тутун за кој тутунарите потрошиле и пари и труд, а сега треба да го фрлат. Тоа е целосна штета.

Ова што им се случува на тутунарите е целосна вина на Зоран Заев и за ова тој треба да понесе одговорност. Не може да остави десетици илјади семејства на раб на егзистенција и да продолжи да владее како ништо да не било. За ова Зоран Заев оставка веднаш!“ порача Трипуновски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“