Утрински Весник
Свет

Претседателот на Јужна Кореја бара масовно тестирање на населението за коронавирус

Претседателот на Јужна Кореја бара масовно тестирање на населението за коронавирус

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, предложи да се направат што повеќе тестови, поради зголеменото ширење на коронавирусот во земјата.

Центарот за контрола и превенција на болести (КЦДА) објави дека се евидентирани 615 нови случаи на коронавирус, со што бројот се зголеми на 8.311 заболени овој месец, најмногу досега, објави „Ројтерс“.

Мун и нареди на владата да ги мобилизира сите расположливи ресурси за следење на инфекциите и проширување на тестирањата, за што ќе се користат воени и јавни служби.

Мун рече дека местата за тестирање треба да работат подолго за да им се овозможи на вработените да бидат тестирани во време што им одговара и дека треба да се изградат мобилни објекти за тестирање.

Во претходните неколку дена, процентот на заразени во однос на бројот на испитани беше 4,2 проценти, во споредба со просекот од 1,2 проценти што беше цела година, според КЦДА.

Во неделата, властите најавија дека ќе воведат поголемо социјално дистанцирање отколку што беше случај досега во Сеул и околните области, барем до крајот на годината.

Јужна Кореја е една од ретките земји што избегна блокада за време на претходните два брана, бидејќи имаше добро организиран систем за следење, тестирање и карантин на луѓе кои биле во контакт со заразените.

Сепак, за време на третиот бран, владата се соочува со сè поголеми критики бидејќи бројот на заболени продолжува да расте и покрај задолжителното носење маски, полициски час и ограничувачки мерки во јавниот превоз.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња