Утрински Весник
Спорт

Милан ја оддржа „социјалната дистанца“ од +5 пред Интер

Милан ја оддржа „социјалната дистанца“ од +5 пред Интер

Милан останува на пет поени пред градскиот лидер Интер по 10 кола од Серија А, откако на гостувањето кај Сампдорија стигна до 2:1 победа, фантастичен осми триумф во десет лигашки меча оваа сезона.

Покрај тоа, „росонерите“ имаат и уште еден необичен скор – 11 меча едноподруго во лигата постигнуваат барем два гола.

Френк Кеси ги донесе гостите во водство со гол од пенал во 45. минута од мечот, пред Саму Кастилехо во 77. минута, само што влезе во игра да одговори на убавата асистенција на Анте Ребиќ за 0:2. Албин Екдал во 83. минута го направи финишот на мечот интересен, но трите поени отпатуваа за Милано.

Милан има 26 поени на врвот на табелата, Интер се втори со 21, а по 20 имаат Наполи и Јувентус. Самп пак, е на 12. место со 11 освоени поени.

> Милан ја оддржа „социјалната дистанца“ од +5 пред Интер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот