Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ бара од Индија итна дозвола да им ја испорача вакцината

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ поднесе барање за дозвола и итна употреба на нејзината вакцина против коронавирусот во Индија, изјави денеска официјалниот претставник на индиската влада за здравство, В.К.Пол.

„Фајзер“, чијашто вакцина неодамна беше одобрена во Велика Британија, им се обрати на индиските власти во саботата и е првата компанија што го стори тоа, рече Пол, кој ја советува владата за прашања поврзани со Ковид-19, објави Ројтерс.

„На индискиот регулатор на лекови обично му требаат до 90 дена за да донесе одлука за ваквите апликации, но одлуката за вакцината на „Фајзер“ може да дојде многу побрзо од тоа“, рече Пол.

Индија објави повеќе од 9,57 милиони случаи на Ковид-19, и е втора земја по обем на епидемијата зад САД, со скоро 140.000 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември