Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пуштена во употреба нова детска градинка во општина Илинден

Пуштена во употреба нова детска градинка во општина Илинден
300x250 opst2

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ја пуштија во употреба новоизградената детска градинка во населено место Миладиновци, која е клон на ЈОУДГ „Гоце Делчев”.

Вкупната инвестиција за реализација на овој капитален проект којшто општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика изнесува 33 милиони денари, од кои од буџетот на општина Илинден се обезбедени 27 милиони денари за фазите: архитектура, изградба на новиот објект и обезбедување на комплетна инфраструктура, хортикултурно и партерно уредување како и асфалтирање на паркинг просторот пред градинката.

За опремување на занималните, просториите и кујната во градинката, како и поставување на машинска опрема за греење и ладење на објектот, Министерството за труд и социјална политика обезбеди средства во висина од 6 милиони денари.

Станува збор за високо енергетски ефикасен објект во кој е инсталиран систем за греење и ладење со топлински, пумпи кој ги задоволува највисоките стандарди.
Објектот на новата градинка се простира на површина од 540 м2, располага со 4 занимални и има капацитет да згрижи 90 деца. Во насока на почитување на протоколите, во овој период градинката ќе згрижува 75 деца.

Во три занимални ќе бидат згрижени деца на возраст од 2 до 6 години додека во една занимална ќе бидат згрижени најмалите дечиња на возраст од 9 месеци до 2 години што значи воведување на јасли.

Со новоизградената градинка ќе се овозможи ослободување на просторни капацитети во постоечката детска градинка „Гоце Делчев“ во Илинден, која е со капацитет за згрижување на 450 деца на возраст од 2 до 6 години, такашто се создадени услови за згрижување на деца од јаслена возраст и во оваа градинка.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Фон дер Лајен следната недела доаѓа во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со албанскиот претседател Бегај во Драч