Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Потпишан договорот за градски автобуси за Тетово, се очекува да пристигнат за шест недели

Потпишан договорот за градски автобуси за Тетово, се очекува да пристигнат за шест недели
300x250 opst2

Договор за набавка на пет автобуси кои ќе се користат за јавен превоз на граѓаните во општина Тетово е потпишан вчера, а, според договорот, автобусите треба да пристигнат во Тетово во рок од шест недели. Како добавувач е избрана  компанијата „АутоМакедонија“ со седиште во Скопје, пишува Порталб.мк.

Една недела откако Министерството за финансии го одобри барањето на Општина Тетово за набавка на автобуси за јавен превоз, општинските власти во Тетово склучија договор со компанијата „АутоМакедонија“.

„Денес е потпишан договор со најповолниот понудувач избран во постапката за набавка. Според договорот, од денес тече крајниот рок од шест недели во кој економскиот оператор е должен да донесе 5 автобуси“, истакнаа од Општина Тетово.

Порталб.мк дознава дека автобусите кои чинеле вкупно 44 милиони денари се од моделот Isuzu CitiPort и изгледаат вака:

Неколку постојки се наоѓаат во најпрометните делови на градот, почнувајќи од влезот на градот, центарот (Основниот суд) до универзитетската улица.
Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката Теута Арифи го даде во првиот мандат во Програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по втор пат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првиот пат не беше ставено во функција, и поради законските рокови за функционирање автоматски престана да работи. На а последниот состанок на Советот на општината беше изгласан статутот на актуелното претпријатие.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка