Утрински Весник
Економија

Бесими:Независни ставови и поголема контрола на јавните финансии со воспоставување на Фискален совет

Бесими:Независни ставови и поголема контрола на јавните финансии со воспоставување на Фискален совет

Поголема контрола и обезбедување независни, објективни и професионални ставови за буџетот и фискалната стратегија ќе обезбеди Фискалниот совет кој е предвиден да се формира со новиот закон за буџети. На јавната расправа за овој закон, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека советот ќе се избира од страна на Собранието и дека ќе станува збор за независни експерти од областа на јавните финансии, макроекономија или економија.

Бесими посочи дека во законското решение се предвидува за 3 члена од независното тело предлози да дадат од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка. Мандатот на членовите на Фискалниот совет е 6 години без право на реизбор.

Инаку со новиот закон за буџети, се предвидува и поставување на фискални правила, односно лимити на јавниот долг и на дефицитот и на тој начин, повторно зајакнување на контролата во јавните финансии.

Покрај зајакнување на контролата, новиот системски закон за буџети предвидува и зајакнување на планирањето преку воведување на среднорочно буџетирање и Интегрираниот систем за управување со јавните финансии ИФМИС, преку кој ќе следи извршувањето на приходите и расходите од нивно планирање до конечна реализација.

Во однос на транспарентноста, преку зголемување на квалитетот и квантитетот на финансиските извештаи ќе се зајакнува фискалната транспарентност. Со новиот закон за првпат се воспоставува Регистар на јавни субјекти, кој ќе биде јавно достапен и во него ќе бидат евидентирани сите правни субјекти основани директно или индиректно од страна на државата или на општините. На тој начин ќе се обезбеди сеопфатност и транспарентност за сите јавни субјекти независно дали се на централно или на локално ниво.

Предлог-законот за буџети беше даден за коментари на ЕНЕР, а вчера се одржа јавна расправа на која покрај министерот за финансии учествуваа и претставници на Светска банка, ММФ и Европската комисија, како и претставници на експертската јавност, на стопанските комори и на невладините организации,и на која беше дискутиран законот и предлозите кои биле доставени на ЕНЕР и имплементирани во законот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk