Утрински Весник
Свет

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 814 лица

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 814 лица, објави италијанското Министерство за надворешни работи.

Потврдени се 24.099 нови случаи на Ковид-19, што е повеќе од вчерашната бројка од 23.225 заразени.

Според официјалните податоци, во Италија биле тестирани уште 212.741 лица.

Во Италија, од почетокот на епидемијата, со коронавирус се заразиле 1,689 милиони луѓе, од кои 58.852 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена

Рекорден топлотен бран ја погоди Европа, научниците се шокирани