Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Амбасада на Холандија: Целосно неосновани и лажни се тврдењата дека Холандија го поддржа бугарското вето

Амбасада на Холандија: Целосно неосновани и лажни се тврдењата дека Холандија го поддржа бугарското вето
Img 7972

Известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ се целосно неосновани и лажни вести, реагираше Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

„На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка“, се вели во соопштението од амбасадата.

Вчеравечер бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извор во Брисел, на својот веб-сајт објави дека Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Бугарија за Северна Македонија. Идентитетот на изворот остана непознат, а официјално Холандија го демантираше тоа тврдење. Бугарскиот весник во текстот напомена и дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Фејсбук напишал дека Бугарија не е сама во ветото за Северна Македонија и дека има поткрепа од уште најмалку две членки на ЕУ.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента