Утрински Весник
Магазин

Гал Гадот потпиша осумцифрен договор да глуми во нов шпионски трилер

Гал Гадот потпиша осумцифрен договор да глуми во нов шпионски трилер

Со еден блокбастер серијал за суперхероина во рацете – Wonder Woman и претстојното продолжение Wonder Woman 1984 – „жената чудо“ Гал Гадот сега се сели во шпионска игра.

35-годишната израелска актерка го стави својот потпис за да глуми во новиот шпионски трилер „Срце од камен’, кој се очекува да има неколку продолженија, според порталот „Дедлајн“.

Наведениот осумцифрен договор што го потпиша за филмот ја сместува на врвот на листата најплатени актерки во Холивуд.

Иако не се откриени детали за приказната, некои медиуми шпекулираат дека проектот предвидува жена да биде главна хероина во шпионскиот жанр, во време кога главните ликови во најголемите франшизи како „Џејмс Бонд“ и „Невозможна мисија“ се мажи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил