Утрински Весник
Свет

Симптоми кои можат да се јават по вакцинацијата со „Спутник V“

Велика Британија планира намерно да ги зарази кандидатите за вакцина

Граѓаните на Москва, кои веќе почнаа да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ добиваат упатства за пациенти, како и потврда за извршена имунизација, кои содржат список со симптоми, кои можат да се јават по вакцинацијата, како и совети како да постапат во секој од наведените случаи.

Во упатствата се наведува дека секој десети човек, вакциниран со вакцината „Спутник V“, може да почувствува слабост или мачнина. Во повеќе случаи вакцинацијата добро се поднесува.

Ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е нормална индивидуална реакција на организамот и еден од знаците за формирање имунитет. На оние кај кои по вакцинацијата ќе се јави слабост, општ замор и мачнина, им се советува да ја намалат физичката активност и повеќе да одмораат.

Исто така се нагласува дека кај 5,7 проценти од вакцинираните, може да се јават болки во коските, грозница, главоболка или температура повисока од 37 степени.

Кај 4,7 проценти може да се јави болка, оток, чешање и црвенило на местото од вакцинацијата. По правило, лекување не е потребно, но може да се земе лек против алергија за да се намали отокот и чувството на нелагодност.

Еден ипол процент од вакцинираните пациенти може да имаат затнат нос, течење на нос или чувство на скокотливост во грлото. На нив им се советува да пијат многу течности и користат спреј за нос.

Кај помалку од 1 процент пак може да дојде до забрзување на пуслот или повишен крвен притисок.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно побара од потпретседателката на владата, Татјана Голикова следната недела да почне масовна вакцинација против коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници