Утрински Весник
Магазин

Судот му одобри на Стивен Спилберг заштитна мерка против жената која му упати смртни закани

Судот му одобри на Стивен Спилберг заштитна мерка против жената која му упати смртни закани

Филмскиот режисер Стивен Спилберг презеде правни дејствија против Сара Чар, за која тој тврди дека го вознемирувала неколку месеци, па дури и му се заканувала дека ќе го убие, што предизвикало страв за неговата безбедност, како и за безбедноста на неговата сопруга Кејт Кепшоу и остатокот од нивното семејство.

Според документи до кои дојде порталот „ТМЗ“, полициски службеници го информирале 73-годишниот режисер дека жената се обидела да купи пиштол за да го убие, и тврделе дека таа е уапсена за казниви закани, вознемирување и демнење.

Спилберг претходно откри дека добил порака на Твитер од Чар, која гласела: „Ако треба лично да УБИЈАМ луѓе за кражба на мои IP-адреси …јас тоа ќе го сторам. Ме сфаќаш ли?“

Судот му одобри на Стивен привремена наредба со која на жената ѝ се забранува да му се приближи на растојание помало од 100 јарди (91.4 метри).

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста