Утрински Весник
Спорт

Хабиб: Ако ми понудат 100 милиони долари, тогаш ќе имам проблем

Хабиб: Ако ми понудат 100 милиони долари, тогаш ќе имам проблем

УФЦ -ампионот Хабиб Нурмагомедов уште еднаш ја повтори својата цврста одлука да остане во пензија откако во Москва ја промовира својата нова борачка федерација – Игл фајтинг шампионатот (ЕФЦ).

И покрај тоа што призна дека ќе биде присутен во публиката за мечот помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поаире, Хабиб вели дека нема интерес за меч со некој од двајцата бидејќи веќе ги има задавено.

„Оставете ме да уживам, убаво е да си шампион. Зошто веднаш сакате да ми го земете појасот? Ќе останам шампион додека не се видам со првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт. Прво, знам дека ќе ми понуди пари. Потоа меч со подобриот од двајцата. Но, немам спортски интерес – ги задавив двајцата, двајцата се предадоа. Спортски нема вистински предизвик. Е, сега, ако ми понудат 100 милиони долари, тогаш ќе има проблем“, вели Хабиб.

> Хабиб: Ако ми понудат 100 милиони долари, тогаш ќе имам проблем <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари