Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето пред Владата на денешниот протест „Оставка за Заев, слобода на народот“ рече дека сега Зоран Заев со Владо Бучковски како едни од најкорумпираните политичари заедно ќе тргуваат со македонските национални интереси.
„Ако до вчера бевме сигурни дека Заев е подготвен да ги распродаде националните интереси на Македонија како еден од најкорумпираните политичари денес заедно со Бучковски како тандем на најкорумпирани политичари во Македонија дефинитивно не можат да направат ништо освен да тргуваат со националните интереси. Морам да изразам жалење што еден од нив како господинот Бучковски како професор на Прaвниот факултет заради лукративни причини се вклучува во оваа опеарција за неправда кон Македонија“, рече Милошоски.
Милошоски напомена дека тие двајцата има едно заедничко, едниот аболициран за својот криминал, а другиот одбегна да отслужи правосилна пресуда.
„Затоа нашиот апел денес е не само оставка од заев, Османи и Димитров туку и оставка од Бучковски од позицијата која не ја заслужува никој во државата не смета дека тој може да биде претставник во Бугарија. Тој нема легитимитет, бидејќи ниту владата нема легитимитет“, кажа Милошоски.
Милошоски истакна дека државниот секретар на МНР кажа дека се водат преговори со Бугарија, но дека не се тајни. Според Милошоски ако не се тајни зошто тогаш Заев, Димитров и Османи бегаат од пратениците и Собранието како средношколец неподготвен и бега од часовите по математика.
„Затоа почитувани пријатели кога збориме за национални интереси треба Владата да биде отчетна пред Собранието затоа што таму има пратеници избрани од народот“, рече тој.
Милошоски укажа дека бегањето од Собранието е само доказ дека прават нешто тајно и не им е во интерес да го обзнанат и да чуе јавноста. „Доколку тие не дојдат во Собранието, тогаш народот ќе дојде пред владата и пред МНР додека не си дадат оставка“, рече Милошоски.