Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џоди Фостер се соочува со затвореник во Гвантанамо во драмата „Мавританецот“

Sddefault
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Во напнатата драма The Mauritanian („Мавританецот“), Бенедикт Камбербач и Џоди Фостер се соочуваат со гонење на наводниот главен регрутер за терористичкиот напад врз САД што се случи на 11 септември 2001 година.

Напнатата правна драма треба да биде објавена на време за разгледување на кандидатите за „Оскар“, а во вторникот се појави и првиот трејлер од три минути.

Филмот на режисерот на „Последниот крал на Шкотска“ Кевин Мекдоналд е заснован на мемоарите на Мохамед Улд Салахи, поранешен притвореник во американската база Гвантанамо во Куба кој бил држен во затворот 14 години без претходно судење.

Во неговиот бестселер „Дневник од Гвантанамо“ што беше првпат објавен во 2015 година, Салахи, роден во Мавританија, детално објаснува како бил злоупотребуван и измачуван за време на неговото заробеништво, кое траело од 2002 до 2016 година.

Трејлерот се отвора со Џоди Фостер во улога на бранителка Ненси Оландер, која пристигнува во амеиканската база во заливот Гвантанамо да го посети нејзиниот клиент Салахи, кого го глуми Тахар Рахим.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“