Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп најави можна кандидатура за изборите во 2024 година

(Видео) Трамп најави можна кандидатура за изборите во 2024 година

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави можна нова кандидатура за 2024 година, пренесува агенцијата АП.

„Поминаа неверојатни четири години“, им рече Трамп на собраните на приемот во Белата куќа.

„Се обидуваме да имаме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години“, рече Трамп.

Снимка од обраќањето на Трамп беше објавена во живо на социјалните мрежи од еден од гостите.

Видеото покажува десетици собрани во салата на Белата куќа. Многумина од нив не носеле заштитни маски, со што ги прекршиле упатствата на американската влада издадени заради епидемијата на Ковид-19.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вака папата Франциск се молеше сам на дожд

Папата Франциск ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан

Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати